Од јануари до октомври 2017 година, вкупниот број на превезени патници на двата македонски аеродрома изнесувал 1.731.098 патници, што претставува зголемување од 12,8% во однос на истиот период од минатата година кога бројката на патници изнесуваше 1.534.591 патници.
На скопскиот аеродром „Александар Велики“ бројот на патници за периодот јануари-октомври 2017 година изнесува 1.582.989 или зголемување од 12,8%, споредено со истиот период од 2016 година кога се регистрирани 1.403.902 патници. Исто така, забележан е и пораст од 13,3% на бројот на патници на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Од јануари до октомври 2017 година се регистрирани 148.109 патници, споредено со 130.689 патници превезени во текот на истиот период лани.
Како најзастапени дестинации според бројот на патници и понатаму остануваат Истанбул 12,4%, Цирих 8,7%, Виена 6,7%, Базел 5,2% и Малме 4,6%.
