Продолжува дождливо и тмурно време. И во следните метеролозите прогнозираат пороен дожд.
Во Охрид се очекува дождливо време се до вторник кога се очекува разведрување и сонце.
Најмногу дожд, 38 литри на квадратен метар, во изминатите 24 часа наврнал во Гевгелија, соопшти утрово Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Крушево до 7.30 часот се измерени 33 литри на метар квадратен, во Демир Капија 25 литри, 24 во Пожаране и Битола, 21 во Маврово, 20 во Прилеп, 17 во Тополчани и Дојран, 16 литри во Претор, Ѓуриште и Охрид, 15 во Лазарополе, 13 во Скопје, 12 во Куманово, 11 во Штип, Тетово и Струмица. Девет литри наврнат воден талог во изминатото деноноќие има во Виница, 8 во Дебар, 6 литри во Берово и 3 во Крива Паланка.
Инаку, УХМР веќе предупреди за можно излевање на водотеците, а дождот нема да престане со денови.
