Наместо да ја спаасат ја убиле мечката. Настанот се случил во Љубаништа.
Според кажување на наши читатели пред неколку денови во селото Љубаништа била заглавена мечка во стапица.
Жителите алармирале и дошле стручни екипи да ја спасуваат, но НАместо да ја спасат ја убиле со преголема доза на муниција за успивање.
Според кажувањата на луѓето, ова бил втор ваков случај во Љубаништа. Од Охрид ЅОЅ бараат одговорност.

-Ги повикуваме Министерство За Земјоделство, Шумарство И Водостопанство Пе Битола (Државниот инспекторат за шумарство и ловство), Министерство за животна средина и просторно планирање (Државен инспекторат за животна средина), ЈУНП Галичица, да излезат со конкретни извештаи, да објават повеќе детали за настанот, и зошто веќе втор пат се случува ваква незгода. Ги повикуваме и МЕД/MES да го истражат случајот, со оглед дека ги следат состојбите со дивите животни на нашите планини. Дали се работи за нестручно постапување или за нешто друго? Недозволив е ваквиот однос. Доколу се утврдат неправилности во постапката, бараме и санкции, пишуваат од Охрид ЅоЅ.
Пред неполн месец ловџиите од друштвото Церн Камен Вевчани успешно спасија заробена мечка на планината Јабланица.
