Автомото Сојузот на Македонија информира за можна појава на одрони на повеќе патни правци во земјава меѓу кои и на неколку во западниот регион.
АМСМ потсетува дека од 15-ти овој месец до 1 април догодина се затвора за сите видови сообраќај регионалниот пат Р-2332 (Трпејца – Царина) низ националниот парк Галичица.АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Гостивар-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Ресен-Буково,Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар.
