Трет ден забранета водата за пиење во Струга.
И утринските анализи на Центарот за јавно здравје покажале поголема матност на водата во градскиот водовод во Струга. По налог на инспекцијата водата е забранета за пиење од завчера.
Во водата не се присутни бактерии, но таа е небезбедна за здравјето на лугето
-Водата во градскиот водовод во овој момент во градот Струга е небезбедна за пиење за користење бидејки параметарот матност е ти до четири пати поголем од дозволената вредност. Од друга страна во водата има дезинфекционо средтсво и енма патогени организми, вели Сашо Точков директор на Центар за јавно здравје Охрид.
Ова не е прв пат стружани да имаат проблем со водата, при секое поголемо количество на дожд се заматува водата од изворите во Шум.
