Тоне бродот „Мис Стон“ во каналот Студенчишта во Охрид. Од бродот оставен на забот на времето се излеа поголема количина гориво која го загадува каналот.
Излеаната нафта може да предизвика еколошка какатсрофа по живиот свет во каналот познат како мрестилиште и презимувалиште на плашицата.
Бродот „МИс Стон“ со години стоеше вкотвен во каналот. Се претпосавува дека поради дотраеност навлегвла вода во пловилото по што тоа почна да тоне. Од Капетанијата на пристаништа нформираат дека веднаш се пристапи на спречување на поголема еколошка штета. Излеаното гориво се отстранува со специјални црева.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
