По објавата на Канал 5 ТВ дека е стопирана реконструкцијата на специјалната болница Свети Еразмо во Охрид се огласија од министерството за здравство.
Во дописот стои:
-„Во однос на реконструкцијата на специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информираме дека станува збор за времен застој во градежните работи поради дислокација на капацитетите од еден во друг дел од објектот, по што ќе продолжат градежните работи согласно предвидената динамика“.
Инаку веќе осум месеци е стопирана реконструкцијата на специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо во Охрид. Завршени се речиси 85% од болницата , останаа уште операционите сали, но изградбата стагнира.
Причина според директорот на болницата е неможноста да се дислоцираат операционите сали, без кои болницата неможе да ги опслужи потребите на пациентите од регионот. Воедно во договорот од 2015 година затекнати биле низа пропусти.
.jpg)
-„ Треба да се завршат операционите сали каде што се предвидени 5 опеарциони сали меѓутоа за тој зафат потребно е да изврши прво рушење на постоечките сали што подразбира дека во тој случај ние не би можеле да функцинираме да ја работиме нашата хируршка активност и не е јасна намената на тој простор“, вели Ацо Велески директор на коснозглобна.
Наспроти директорот, од министерството за здравство не нотираа ниту еден пропуст.
Изведувачот вели со месеци чека одговор од министерство за здравство. Минатиот министер Таравари, дал налог да се дислоцираат салите за да продолжи реконструкцијата, но потоа заменик министерот дал спротивен налог.
.jpg)
-„Јас да ви кажам сум многу загрижен и незнам што да преземеме ние имаме инсталација водоводна и машинство и електрика имаме опрема поставено и овој прекин немам инструкции никакви од законодавецот. Доаѓа зима ниски температури и може да се случи голема катастрофа“, вели Ѓорги Угриноски изведувач.
Според проектот Охрид во јуни годинава требаше да добие најсовремен медицински центар спој на двете реномирани болници за ортопедија и трауматологија и кардиоваскуларни заболувања. Инвестиција вредна 3, 5 милиони евра пари обезбеднени преку минсиетрството за здравство од Европската банка. Со застојот трпи градот и бројните пациенти, кои две години се лекуваат во вонредни услови.
