Петта Бадникова поворка во Охрид

Денес во Охрид ќе се одржи петтата Бадникова поворка. Годинава со рекорден број деца. Околу 400 деца со кандила, звезди и пештерата ќе го навестат Христовото раѓање.

 

Поворката со околу 400 деца во 10:30 часот ќе тргне од црквата Св. Ѓорѓи, преку улиците „ Јане Сандански“ и „ Кеј Македонија“ , во 11:30 часот ќе пристигне на плоштадот „ Св.Климент Охридски“ каде градоначалникот Јован Стојаноски, на децата коледарчиња ќе им подели Божиќни подароци. Манифестацијата ќе заврши со ручек во црквата Успение на Света Богородица- Каменско.

Во чест на Христовото раѓање-Божиќ, на градскиот плоштад е поставена макета на пештерата која го наговестува денот на Христовото раѓање, изработена од монахињите од манастирот Св.Ѓорѓи Победоносец од Рајчица.

На градскиот плоштад ќе ги чека градоначалникот кој ќе им подели подароци. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани