На 13 јануари сабота дефиле под маски на најмладите по улиците во Охрид. Се враќа традицијата за Василица односно Православна Нова година да се одржува карневал.
На Градскиот плоштад ќе се одржи посебен евент на кој ќе се доделуваат награди за најдобрите маски.
На Стара Нова година за охригани и бројните туристи општината организира посебна вечерна новогодишна програма во Центарот на градот. Кулминација ќе биде концертот на Љубојна.
Терминот од 20-22 часот. вечерен концерт на главната сцена – музика 19:00 до 20:00 часот – Водител и Дџ 20:00 до 20:30 часот – предгрупа локален артист 20:30 до 21:30 часот – Љубојна 21:30 до 23:00 часот.
