ФОТО: Курајчкиот карневал – едно поинакво доживување!

Карневалската магија после Вевчани продолжува во охридско Куратица.

Стотици маскирани, стари и млади, жени и мажи  ја продолжуваат пет вековната традиција, стара колку и самото село.

На дваесетина километри од Охрид, во  пазувите на планинскиот масив Мазатар, на надморска височина од 1100 метри  во слободен дух, весела атмосфера маските ги пленат воздишките на бројните посетители.

-„Ја возобновивме ја воскреснавме нашата петвековна традиција во селото од нашите прадедовци. И приказната продолжува“ вели Горан Ангелоски претседател на МЗ Куратица.

И  Курајчкиот карневал е слободен театар без режија, маските  се пародија на  општествено политичките збиднувања или дел од  вековниот живот на селаните.

-„Ете не заробија ама парите ни останаа во нас,  Зајко ќе јади моркови, а Грувески повторно ќе дојди на власт“, вели маскиран во Амди Бајрам.

– „Како  Никола Груевски порачувам  Зоран Заев да не ја продава Македонија“, вели учесник на карневалот.

-„Нашата маска е претставување на Курајчкиот етно живот“, велат дел од учесните на карневалот.

 Карневалот во Куратица веќе се вбројува меѓу позначајните во земјава, покрај струмичкиот,  вевчанскиот и прилепскиот.

-„ Тука Куратица е една од најомилените дестинации каде сме учествувале“, велат маскирани гости од Прилеп.

-„Ние доаѓаме од Прилеп ние сме војската на Асетрикс и Обеликс тука доаѓаме 4 – 5 години“, велат маскирани гости.

Младите пред две децении го оживеаа Василичарскиот карневал.  Бараат поддршка од министерството за култура со цел и  Куратица да биде  бренд на туристичката мапа .

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 ТВ 

ФОТОГРАФИИ:

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани