Охриѓанка се здобила со тешки повреди откако паднала од велосипед „Пони“ и удрила во паркирана кола. Сообраќајката се случила синоќа во 19.20 часот.
Според соопштението од Канцеларијата за односи со јавноста при СВР Охрид,едно лице се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода што синоќа во 19 часот и 20 мнути се случи на улицата „Марко Цепенков“ во Охрид. Во незгодата, лицето Г.С. (48) од Охрид се здобила со скршеница на череп на глава, крварење во мозокот и рана на главата. Повредите биле констатирани откако со возило на итна медицинска помош, Г.С. била пренесена во ЈЗУ „Општа болница“ Охрид а поради сериозноста на повредите префрлена во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид.
-Сообраќајната незгода е случена во момент кога, сега тешко повредената, по улицата управувала велосипед марка „Пони“ движејќи се кон кружниот тек со улицата „Момчило Јорданоски“. На критичното место, Г.С. изгубила контрола над велосипедот и со десната бочна страна удрила во задниот дел од паркираното возило и паднала на коловозот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
По овластување на дежурен Јавен Обвинител, на местото на настанот увид извршија полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид.
