Во рамки на одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст Охрид е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната и социјално-хуманитарната дејност.
И оваа година во пресрет на празникот, на 18.01.2018 (четврток), во 13 ч. традиционално Градончалникот на општина Охрид-Локалната самоуправа обезбеди и во соработка со Црвен крст Охрид ќе подели 50 хуманитарни пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена на 50 социјално загрозени семејства од Охрид.
На 18.01.2018 г. (четврток) од 19-23 ч., на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“ медицински тимови на Црвен крст Охрид ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“. Апелираме и препорачуваме до „скокачите по крстот“ да ја проверат својата здравствена состојба и се информираат за ризиците и опасностите кои постојат при капење во вода со температура од околу 7.6 oC.
Традиционалната крводарителска акција „Водици 2018“ под мотото „ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СẺ“ во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира на 19.01.2018 (петок) од 9-15 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“. Ги покануваме нашите сограѓани и гостите да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв, а организаторот ќе им возврати со должно внимание и скромни подароци.
За настанот на осветувањето на водата во Охридското езеро и скокање по крстот на Градското пристаниште во Охрид на 19.01.2018 (петок), Црвен крст Охрид ќе се грижи за безбедноста на капачите во вода и сите посетители на настанот со 4 тимови на спасители на вода распоредени долж градското пристаниште, 2 тима на спасители на вода во два спасителни чамци и 4 нуркачки тимови, како и со 7 медицински тимови за укажување прва помош со едно амбулантско возило, помогнати со медицински тим на Итната медицинска помош со амбулантско возило. Под надзор на спасители и медицински тимови на Црвен крст Охрид ќе бидат и „скокачите по крстот“ во с. Пештани и во Св.Наум.
На денот на рибарите на 20.01.2018 (сабота), тимовите за логистика на Црвен крст Охрид ќе распределат дел од рибината чорба во семејствата со социјален ризик во Охрид како и на лица со хендикеп и стари лица кои не се во можност да присуствуваат на овој настан.
Црвен крст Охрид до сите оние кои ќе бидат дел од настанот за одбележување на празникот Богојавление-Водици на Градското пристаниште во Охрид упатува апел за почитување на следните препораки:
– Со огледа на ниската температура на водата во Охридското езеро-(кај пристаниШтето 7.6 оЦ), релативно ниските температури на воздухот кои се најавуваат за 19.01. (околу 5 оЦ), југозападен ветар со брзина од околу 20 км/х и разбранато езеро, повикуваме на исклучително високо внимание и претпазливост на оние кои Ќе се реШат да влезат во водите на Охридското езеро:
– Да не влегуваат во вода доколку чувствуваат слабост или имаат било каков здравствен проблем
– Оние Што Ќе влегуваат во вода, во неа да се задржуваат кратко (не подолго од 5 мин.)
Во вода телото се лади десетина пати побргу отколку во воздух, особено при зголемени телесни активности.
– Никако да не конзумираат алкохол пред влегување во вода, а да конзумираат топли безалкохолни напитоци-чај
Алкохолот рапидно го забрзува намалувањето на температурата во организмот.
– Да носат обувки
– За сите кои Ќе бидат дел од настанот на Градското пристаниШте на копно, препорачуваме:
– да облечат повеЌеслојна облека
– да конзумираат топли безалкохолни напитоци-чај
