Со концерт на битолската група Фолтин привршуваат настаните во рамките на Јануарските празнувања во Охрид.
Петок, 19.01.2018, концерт на групата Фолтин на празникот Водици во Охрид, во рамки на проектот „Од 20 до 20 сите во Охрид. Место: Градски плоштад Охрид. Старт 21.00 ч.
Поради лошите временски услови, најавената Трка на келнерите е поместена за петок, 19-ти јануари, со почеток во 19:00 часот.
Основната идеја е да се организира трка на најбрзите и најдобрите келнери од охридските кафе барови, ресторани и хотели. Ќе се трча на потегот од пред „ Mr.I“ до кружниот тек во центарот на градот.
