Железничката пруга Кичево-Лин,силен импулс за развој на охридско-струшкиот регион

Новата планирана железничка линија Кичево-Лин, планирано е да поминува низ повеќе места од општините Дебарца, Охрид и Струга и ќе биде силен импулс за стопански развој на регионот.

Подрачјата кои се однесуваат на новата планирана железничка линија се наоѓаат во западниот дел во нашата земја, почнувајќи од постојната железничка станица Кичево, се протегаат на новите предвидени стојалишта Брждани, Пресека, Издеглавје, новите станици Мешеишта и Струга и новото последно предвидено стојалиште Радожда“. Според најоптимистичките сценарија, изградбата на капиталниот проект-железничката пруга од Кичево до албанскиот град Лин би требало да биде готова до 2030 година, иако претходните рокови на државата беа овој капитален проект да се реализира најдоцна до 2022 година.Железничката пруга кон Албанија ќе се состои од едноколосечна електрифицирана пруга, која ќе има посебен крак до Охрид.Изготвувањето на проектната документација чинела околу 10 милиони евра, а на неа работел конзорциумот од француската компанија „Луи Берже“ и шпанската „Тиса“.За изградбата на пругата од Кичево до албанската граница треба допрва да се бараат финансиски средства од меѓународните финансиски институции. Исплатливоста на пругата ќе биде повеќе од очекувана за товарниот и патничкиот железнички сообраќај, земајќи ја во предвид близината на пристаништето во Драч, но и туристичкиот потенцијал на Охридското езеро и можноста за воведување на нови патнички возови кон повеќе дестинации. Оваа железничка пруга е дел од паневроскиот Коридор 8, но се очекува кон оваа пруга да се поврзе и нашиот северен сосед Косово, кој нема изградено железничко поврзување со Албанија.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани