Во голем пожар во куќа во струшкото село Џепин, изгоре цела куќа, за среќа нема повредени а предизвикана е огромна материјална штета.
Пожарот избувнал вчера околу 16.30 часот во струшкото село Џепин во куќа сопственост на М.В.(55). Огнените јазици се појавиле на покривната конструкција а потоа, брзо пожарот се проширил во собите и го пеплосал мебелот и апаратите за домаќинство во собите на потпокривот. Во големиот пожар изгорела целата покуќнина и се вредно што семејството со години го стварало при што е причинета материјална штета од околу 1.200.000 денари. Увидот ќе се врши денеска и треба да ги утврди причините за оваа трагедија.
