Изградил две викендици покрај езеро без одобрение

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Ш.Г.(46) од  Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,бесправно градење“.

Пријавениот во текот на 2017 година на земјиште пред Охридското езеро,  без одобрение за градење од надлежен орган, изградил две викенд семејни куќи, за кои што на 05.12.2017 година, овластен инспектор, донел решение за отстранување на градбите. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани