Директорот на ИЗИИС -Институтот за земјотресно инжиниерство и инжиниерска сеизмологија Михаил Гаревски вели нема место за паника.
После неколкуте послаби земјотреси кои денес ги потресоа охриѓани експертите смируваат.
-,,Се работи за афтершокови, по силниот земјотрес во Охрид и серијата земјотреси кои следеа,најавив дека цела година ќе имаме земјотреси во истото епицентралнио подрачје, но со слаб интензитет. Ризик секогаш постои, не не очекувам посилен земјотрес од 3 степени. Место за паника нема “, вели Михаил Гаревски.
Според експертите низата земјотреси деновиве се афтершокови на силниот земјотрес во јули.
