Чартер летови Истанбул-Охрид и за 15 проценти зголемен број турски туристи во Охрид, ова е епилогот од неодамнешниот туристички саем ЕМИТТ што се одржа во Истанбул.
На саемот, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот заедно со најголемите туристички оператори и хотелско туристички работници од земјава, ги претставија туристичките можности на Македонија и во тој контекст, посебно на охридско-струшкото крајбрежје.Како што информираат од Агенцијата, од 15 април се до октомври годинава, ќе профункционира чартер линија Истанбул – Охрид – Истанбул. Од оваа голема туристичка берза, Агенцијата се враќа со едно престижно признание, имено АППТ која достојно го претстави туристичкиот потенцијал на Македонија, ја доби наградата за најдобро организиран штанд. Наградата ја врачи директорот на саемот, Хаџер Ајдин.Инаку, на оваа голема светска туристичка берза, меѓу учесниците беше и реномираната туристичка агенција „Фибула Травел“. Среќен сум што бевме дел од тимот на АППТ и што имавме прилика на овој голем туристички саем за да ја претставиме македонската туристичка понуда како атрактивна балканска и европска туристичка дестинација – вели сопственикот на „Фибула травел“, Асим Меџедовиќ.Додава дека посебно го радува фактот што АППТ оствари состаноци со тур-оператори од САД, Кина, Индија, Виетнам и други тур-оператори кои досега ја немале вклучено Македонија во својата понуда.

