13 годишник од Охрид нападнал 29 годишен маж во кругот на училиштето.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 13-годишник од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка телесна повреда”. На 01.01.2018 година во кругот на основното училиште „Братство“ во Охрид пријавениот со нож го нападнал Д.Р. (29), при што му нанел тешка телесна повреда на градниот кош.
