ФОТО: Гори куќа во Месокастро

Голем пожар зафати куќа во населбата Месокастро во центарот на Охрид.

Неколку противпожарни возила се на терен и се обидуваат да го  изгаснат пожарот кој веќе ја  зафатил и соседната куќа. Пожарникарите се обидуваат да спречат поголема катастрофа. 

Според фотографиите кои ги направивме пожарот е во една од куќите зад познатиот дуќан за филигран „Деребан“ над скаличките во охридската чаршија. 

Две пожарникарни возила се на терен но поголемото возило неможе да стигне до куќата бидејки се тесни улицте низ знаселбата. 

Ккао што дознава Охриднет од очевидци на настанот Сопственикот на куќата бил повозрасен човек кој се здобил со изгореници обидувајќи се да го изгасне пожарот. Човекот е хоспитализиран со Брза помош пренесен во болница. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани