Фил Хенри е новото засилување во охридскиот кошаркарски тим АВ Охрид.
Раководството на охридскиот клуб е одлучно во намерата да се обезбеди пласман во Суперлигата, односно овој дел од сезоната да се заврши меѓу најдобрите шест екипи.Како што пишува basketball.mk, шансата е огромна, а за да не испушти ангажиран е уште еден американски кошаркар. Крилниот играч Фил Хенри веќе се приклучи на тренинзите на АВ Охрид и има право на настап на натпреварот против Кожув во 15. коло од Првата лига.
Хенри играл на Универзиттот Њу Мексико од каде излегол во 2014 година, а оттогаш играл за клубот од Грузија, Саудиска Арабија и Словачка.
