Охридските чинари споменици на природата

Охрид ќe  прогласи седум автентични дрвја за споменици на природата.  Станува збор за шест чинари и еден кочеџик сите стари повеќе од 100 години.

 

Со добивањето на овој правен статус ќе се ревитализираат чинарите,  но и  ќе се уреди  просторот околу нив.

– „Ние веќе неколку години водиме борба да ги прогласиме чинарите како споменици на природата бидејки тие се автентични за Охрид и како природно и култруно наследство. Веќе за првиот чинар кој се наоѓа на плоштадот Македонија најстариот е отпочната процедура односно предлог одлуката е доставена до министертсвото за животна средина“, вели Хавза Реџеп  Какел раководител на одделението за животна средина.

Најмладиот чинар во градот има сто години,  а најстариот според преданијата го засадил лично Свети Климент во првата половина од деветтиот век. На постарите чинари им е потребна итна санација.

-„Има потреба од итна санација ние минатата годија ако се сеќавате крошната беше уредена на тој чинар мегутоа не е доволно мора да се води систематска и континуирана заштита за да може нивниот век на тарење да биде подолг “, додава  Хавза Реџеп Какељ.

Изготвениот елаборат   за заштита  предвидува со  15 000 евра на годишно ниво редовно да  се одржува секое дрво. Советниците предлагаат и засадување на нови чинари и кочеџици.

– „Постои предлог да се засади ново такво дрвце во внатрешноста на самиот чинар. Стручните луге се изјасниле дека тоа е таков вид на дрво кое овозможува таков паралелен раст“, вели Марија Поповска советник во општина Охрид.

Охридскиот Чинар во центарот на Охрид  се смета за најстаро дрво во земјата. Според преданијата тој е стар цели  11 векови.

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 ТВ                                    

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани