Висок водостој на реките во регионот

Поради интензивните поројни дождови, водостојот на реките Сатеска, Коселска и Црни Дрим бележат високи водостои.

Според  информациите од УХМР, врнежите и топењето на снегот придонесоа особени покачувања на водостоите во сливовите на реките Радика, Вардар(горен тек),Треска, Кичевска, Мала Река(Самоков), Црн Дрим, Сатеска, Коселска, Црна Река(горен тек). На хидролошките станици високи водостои се уште се бележат на реките Вардар кај Јегуновце, Радуша, Скопје, реката Пена кај Тетово, Треска кај Македонски Брод, Радика кај Бошков Мост, Сатеска кај Ботун, Голема кај Ресен.
-Според најавата на синоптичарите за намалување на врнежите, очекувано е и намалување на притисокот врз реките со нови водни количини, и тоа прво во погорните делови од сливовите, а потоа и низводно, наведуваат во соопштението.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани