Заедничко царинење за полесен проток на Ќафасан

Побрз проток на стоките ќе овозми заедничккото царинење што се очекува годинава да почне со Србија и со Албанија.

 

Се работи на железничкиот премин Табановце со Србија, како и на граничниот премин Ќафасан со Албанија. Времето кое ќе се скрати за формалностите на граничните премини според транспортерите ќе се намали за два дена.

Концептот на заеднички гранични контроли и гранични контроли со едно застанување, значи поедноставени постапки, кои се спроведуваат на еден заеднички граничен премин, при минимален број на застанувања по можност единствено застанување преку кој контролата на патниците, стоката и нивните превозни средства се врши само еднаш на едно место. Со примена на концептот на заедничка контрола се постигнува поголема усогласеност и се олеснува преминувањето на патниците, стоките и превозните средства во патничкиот сообраќај, како и предметите кои патниците ги носат со себе.
Заедничко царинење со Албанија ќе се воведе на ГП Ќафасан, за што интересот е изразен на заедничката седница на владите на РМ и Република Албанија, одржана во Поградец, на 15 декември минатата година, пишува Миа. 

– Во октомври 2017 година почнаа градежните работи на Проектот финансиран од програмата ИПА (ТАИБ 2013) „Надградба на објектите за царинење и инспекциски органи на граничниот премин Ќафасан“, што се очекува да заврши за 12 месци односно крајот на оваа година. Проектот предвидува градба на нов царински терминал од 9,5 илјади м2, пристапни патишта, објекти за царинење и други инспекциски органи.

Од Царинска управа на РМ истакнуваат дека со реализација на овој инфраструктурен проект ќе се создадат услови за воведување на заеднички контроли и на овој најфреквентен граничен премин кон Република Албанија, лоциран долж Коридорот 8.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани