Во сабота во Охрид завршува „offroad“ џип турнејата

Џип турнеја со теренски возила од Кичево до Охрид ќе се одржи оваа сабота.

Здружението „Off Road” од Охрид оганизира џип турнеја со теренски возила кои ќе се движат по некатегоризирани патишта од Кичево до Охрид на 10 февруари оваа година.Збирното место е во ресторанот „Мерак“ во Кичево, а поаѓањето е закажано во 8 часот.Трасата е долга 68 километри и поминува низ планински терен по патишта на потегот Брждани – Турје – Сливово – Слатино – Оздолени – Сошани- Велмеј – Куратица – Косел – Охрид. Џип турнеја со теренски возила од Кичево до Охрид ќе заврши со свечена вечера во ресторанот „Белведере“ по што ќе биде прогласено и најопремено возило со offroad опрема во Македонија.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани