Со пари од ИПА 2 програмата, ќе се градат велосипедски патеки во Охрид и во уште неколку други градови во земјава.
Според Министерството за транспорт и врски, ревидирана и одобрена е секторската оперативна програма за транспорт 2014-2020, во рамките на ИПА 2 програмата. Преку оваа програма обезбедени се 127,2 милиони евра, од кои 108,1 милион евра се средства од ИПА 2 програмата, а 19,1 милион евра се средства од Буџетот на Република Македонија. За техничка помош обезбедени се 7 милиони евра, кои ќе се искористат за изработка на проектни документации за изградба на велосипедски патеки во Скопје, Тетово, Штип и Охрид, замена на сигнализација на железничките премини, изградба на мултимодален јазол во Трубарево.Од Министерството велат дека Владата е силно посветена на реализација на капиталните проекти и споведување на реформи во секторот Транспорт со кои се очекува да се забрза економскиот раст на земјата.
