Во четврток и петок бесплатни предавања, лично да се запознаете со нашата хероина Билјана Јанеска и да слушнете за нејзината борба со ракот, да прашате и да добиете драгоцени совети и одговори.
Местата се ограничени, доколку сакате да учествувате на предавањето ве молиме јавете се за да ви обезбедиме место на 077 817 432 .
Оваа активност е дел од под-проектот „И старите можат“ кој е спроведуван од Локалната агенција за развој до Струга која е членка на Мрежата Инклузива М за социјална инклузија на старите лицата од трета доба во Република Македонија од 2016 година.
Под-проектот се спроведува во рамки на Регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица” поддржан од од Европската унија, со финансиска поддршка на Австриската агенција за развој и Австрискиот црвен крст, кој Црвениот крст на РМ во Македонија го спроведува во заедничко партнерство со здружението Хуманост.
Инаку Билјана Јанеска е соработник на нашиот портал Охриднет.ком. Таа честопати пишува рецепти и дели совети во рубриката здравје.
Повеќе детали за неа откријате на следниот линк Запознајте ја Билјана, охриѓанката која го победи ракот
Предавањето ќе се одржи во четврток во Струга со почеток во 11 30 минути и во петок во истиот термин во Охрид.
