Управата за јавни приходи објавува Листа на должници за долгови доспеани до 31.10.2017 и неплатени до 31.01.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
Охридски Отекс и овој пат предводник на листата на должници.
На Листата на должници бр.02/2018 објавени се 2399 должници – правни лица (повеќе за 24 од претходната листа) и 2014 физички лица (повеќе за 420 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.02/2018 изнесува 10.995.091.492денари, повеќе за 199.863.114 денари од претходната листа.
Целата листа тука
