Постара жена утрово изгоре во сопствениот стан на булевар „Туристичка“.
Пожарот бил пријавен утрово во 7часот. Охридските пожарникари веднаш реагирале и стигнале на лице место, каде навремено го изгаснале огнот за да не ги зафати соседните станови.
Охриднет дознава дека жената била неподвижна и живеела сама спроти поранешниот Мини Маркет Охрид.
Според првичните сознанија и увид од пожарната пожарот настанал од цигара која ја запалила постелнината.
