Од попладнево во Охрид силно вее снег. Според слободните проценки наврнаа околу 15 сантиметри снег во централното градско подрачје.
Екипите на Охридски Комуналец се на терен и ги расчистуваат улиците, Речиси повеќето улици се проодни. Прооден е и патот кон Свети Стефан.
.jpg)
Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ подготвени на терен го расчистуваат снегот за да обезбедат нормални услови за движење на автомобилите и пешаците.
Најпрвин се пристапи кон расчистување на јавните пешачки површини согласно категоризацијата и приоритет (чаршијата, стариот дел од градот, пристапни улици и степеници).
На коловозите е делувано со абразивни средства и расположивата механизација.
.jpg)
ВИДЕО:
