Делегација на општина Охрид во посета на Србија

Делегација на општина Охрид предводена од Претседателката нa градскиот совет, Живка Ангелоска, Секретарот,  Игор Бежоски и советникот Мишел Силјаноски беа во  посета на општина Александровац,  Република Србија.

 

 

 Делегацијата беше гостин на свечената седница на градскиот совет, го посети Музејот за вино и лозарство како и останатите свечености по повод празникот на градот.

 Во рамки на посетата претставниците од Општина Охрид   остварија работна  средба со Градоначалникот на општината, Претседателот на Советот и мали стопанственици. На состанокот се разговараше за понатамошната  соработка и идна имплементација на заеднички проекти од областа на взаемна промоција на традиционална храна и вино и еко-туризмот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани