Денес во 18 часот во Вила&Винарија Мал Свети Климент , а во организација на Здрузението за спортско едрење „Aquatica Yachting“ и претставникот на „Sails“, Хуго Скаф , ќе се одрзж семинар по едрење.
Целта на овој семинар е запознавање на присутните со типовите на едра, нивна изработка, начинот на штелување(триманје) на едрата и слично, информираат од „Акватика Јахтинг“.
Вториот дел од семинарот е посветен на регатните правила во едрењето 2017-2020 година, и нивна примена.
Свое учество на Семинарот потврдија претставници од Капетанија на пристаништата Охрид, членови на едриличарските клубови, Снегар и Сирма од Струга, Нов Ветар од Скопје, Пират и Акватика Јахтинг од Охрид, Едриличарска Федерација на Македонија, сопственици на приватни едрилици од Охрид, Струга и Скопје и заинтересирани грагани.

