Во Охрид ќе се градат велосипедски патеки

Со  7 милиони евра, пари од европските фондови во земјава ќе се градат велосипедски патеки во четири градови. 

Дел од средствата ќе се искористат за изработка на проектни документации за изградба на велосипедски патеки во општините Скопје, Тетово, Штип и Охрид. 

На главниот туристички центар му се повеќе од потребни велосипедски патеки, кои ќе го олеснат сообраќајниот хаос во центарот на градот особено во текот на летниот период. 

Владата на Република Македонија е силно посветена на реализација на капиталните проекти и споведување на реформи во секторот Транспорт со кои се очекува да се забрза економскиот раст на земјата, информираат од министерството за транспорт и врски. 

Секторската оперативна програма за транспорт 2014-2020, во рамките на ИПА 2 програмата е ревидирана и одобрена. Преку оваа програма обезбедени се 127,2 милиони евра, од кои 108,1 милион евра се средства од ИПА 2 програмата, а 19,1 милион евра се средства од Буџетот на Република Македонија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани