Финишираат анексите за изградба на автопатот Кичево-Охрид

До крајот на март ќе бидат готови анексите за изградба на автопатот Кичево-Охрид.

Во Министерството за транспорт и врски, интензивно се работи на предлог на законот за дополнување на законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на две патни делници. Станува збор за автопатските патни делници Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип. Практично, тоа значи дела предлог законот ќе овозможи продолжување на рокот за изградба на патната делница Кичево-Охрид и ќе се прецизира анекс на договорот за изградба на овој патен правец и продолжување на рокот за изградба.Министерството треба до 21 идниот месец да ги изготви законските измени и да ги достави до Владата.
Автопат Кичево-Охрид има должина од 57 кмлометри, широк 25,2 метри, а на трасата ќе има и 6 натпатници и 13 потпатници, како и тунелот „Пресека” со две цевки.Овој автопат треба да го олесни и забрза транспортот на патници и стока и да придонесе за економски и туристички развој на регионот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани