СВР Охрид информира дека воведена е забрана за движење на камиони кон превојот Буково и дека има голомразица на патиштата.
Според информациите од СВР Охрид, на сила стапува забраната за движење на тешки товарни возила кон планинскиот превој „Буково“ на патот Охрид-Ресен.Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски посебно нагласува дека на патните правци кон превоите Буково, Пресека и кон граичниот премин „Ќафасан“ како и на коловозите во Охрид има појава на голомразица. Поради тоа, напоменува Димоски, потребно e исклучително внимание при управување со патничките автомобили и поседување зимска опрема.