Забрана за движење на камиони кон Ќафасан и Пресека

Стапува на сила забрана за движење на тешки товарни возила кон Ќафасан и Пресека.

Според информациите од АМСМ, денеска од 16 часот на сила е забраната за движење на тешки товарни возила кон граничниот премин „Ќафасан“.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, на сила е забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Охрид-Кичево, кон планинскиот превој Пресека.
-Апелираме, без поголема потреба да нема тргнување на пат и со патнички моторни возила и задолжително носење и користење зимска опрема,, изјави портпаролот Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани