ОДБЕЛЕЖАНИ ГОДИШНИНИТЕ ОД РАЃАЊЕТО И СМРТТА НА МАРКО БОШНАКОВ

Со положување свежо цвеќе и со историски час, Охрид го чествуваше Марко Бошнаков.

Делегации од Општина Охрид, од  Подрачната единица на историскиот архив на Македонија и од  Сојузот на Борци од НОБ, пред спомен плочата на Марко Бошнаков положија цвеќе по повод 140 години од раѓањето и 110 години од неговата смрт. Во рамките на манифестациите, во големата сала на општина Охрид историски час за Бошнаков одржа Горан Митрески од НУ “Завод и музеј“- Охрид. Меѓу бројната публика беше и дел од семејството на познатиот охридски гемиџија. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани