„Семејно насилство и насилство врз жената“ е темата на денешната трибина во локалната самоуправа.
Општина Охрид е организатор на трибината „Семејно насилство и насилство врз жената“ што денеска ќе се одржи во 18 часот во општинската голема сала. Предавачи на трибината ќе бидат претставници од Центарот за социјални грижи – сектор за превенција и невладини организации, а ќе се изврши и презентација на Истанбулската конвенција.
