Општината Охрид е меѓу градовите лидери во управување со отпад.
Според Асоцијацијата за управување со посебните текови на отпад, општините Прилеп, Берово и Охрид се позитивен пример за постапување со отпад. Според Филип Ивановски, претседател на Асоцијацијата, соработката со нив оди многу добро, а тоа мислам дека зависи од волјата на градоначалниците да се имплементираат законските обврски.
Само три од вкупно 80 општини во земјава можат да се пофалат дека добро управуваат со отпадот. Останатите немаат покажано волја да преземат одговорност за имплементирање на законските обврски за селектирање и рециклирање на отпад од пакување, собирање на батерии и акумулатори. Ова било соопштено на денешната прес-конференцијa на Асоцијацијата за управување со посебните текови на отпад.На годишно ниво во Македонија се создаваат 800.000 тони отпад. 50 отсто од овој отпад е влажен отпад кој може да се компостира. Дури 100.000 тони е амбалажен отпад од кој се собира само 30 до 35.000 тони и 15.000 тони е електронски отпад.
