Неисправна водата за пиење во неколку охридски села

При извршената редовна контрола на квалитетот на водата за пиење во дел од селските водоводи во општина Охрид извршена на 06 и 7.03.2018 од страна на Центар за јавно здравје Охрид констатирано е дека во селата Свиништа, Завој, Куратица, Опеница и Косел водата за пиење од системот за водоснабдување е без дезинфекционо средство и со матност поголема од законски пропишаната вредност.

Според тоа водата за пиење системот за водоснабдување од горенаведените села не е здравствено безбедна за пиење. Апелираме до жителите во овие села да избегнуваат користење на ваквата вода за пиење, а до надлежните кои стопанисуваат со водоводите да преземат соодветни мерки за надминување на проблемот и обезбедат здравствено безбедна вода за пиење. Центар за јавно здравје Охрид редовно ќе ја следи состојбата и навремено ќе информира за квалитетот на водата за пиење во горенаведените села. Резултатите од анализата се испратени и до инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство во Охрид за натамошно постапување.

Social profiles