Секторот за туризам и локален економски развој, денес , во големата сала на општина Охрид, со почеток во 11 часот, организира јавна расправа со претставници на туристички агенции, хотели, туристички водичи и придружници.
Тема на јавната расправа се предложените измени и дополнување на законите за туристичка дејност, за угостителска дејност и за такса за привремен престој, како и за мерките за подобрување на состојбите во туристичкиот сектор.
За истите теми ќе се разговара и со физичките лица кои вршат угостителска дејност-приватно сместување, на јавната расправа во големата сала на општина Охрид, со почеток во 12 часот и 30 минути.
На јавните расправи ќе присуствуваат и претставници на Министерството за економија и Стопанската комора.
