Бројни награди за учениците од „Григор Прличев“ Охрид.
На регионалниот натпревар по физика одржан на 10.3.2018 година во Крушево,учество зедоа ученици од основните училишта од Прилеп , Битола, Охрид, Струга, Ресен, Демир Хисар, Македонски Брод, Крушево и помалите места. Учениците од ОУ Григор Прличев од Охрид, се пласираа меѓу најдобрите, освојувајќи ги следните награди :
1. Ева Китрозоска VIII-2 одд – I награда
2. Јана Петреска IX-3 одд – I награда
3. Патар Мишов IX-1 одд – II награда
4. Анастасија Стојаноска IX-3 одд- III награда
5. Ева Бимбилоска VIII-1 одд – пофалница
Ментор на учениците е наставничката по физика Славица Јолакоска Таштаноска

