Охридскиот бисер од семејството Филеви на Виенскиот бал во Скопје.
И оваа година, „Виенскиот бал“ и елегантните гости беа во служба на хуманоста.
-„Компанијата „Охридски бисер Филеви“ и Државна лотарија на Македонија им овозможија на гостите на балот да ја покажат својата хуманост, а собраните средства се наменети за граѓанската организација на лица со и без хендикеп, која работи на суштинско поврзување и целосно остварување на основните човекови права и слободи на лицата со хендикеп „Полио плус”, информира МИхајло Филев изработувач на оригинални охридски бисери.
Инаку Виенскиот бал традиционално се доржа во хотелот „Александар Палас“,во организација на Здружението за културна соработка „Јохан Штраус“ и покровителство на – Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија.
Организацијата, програмата, уметниците и зрелата балска публика на 19-то издание на оваа манифестација, потврдија дека „Виенскиот бал“ во Скопје е конкурентен на кој било виенски бал одржан во светските метрополи. Од минатата година, „Виенски бал“ во Скопје е ставен и на светската мапа виенски балови, а голем број странски дипломати и гости уживаа во оригиналната програма на балот, покрај домашната балска публика.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
