Од денеска, граѓаните ќе можат да ги пријавуваат штетите од невремето во Охрид.
Од денеска, барање за обесштетување ќе може да поднесуваат сите правни и физички лица кои претрпеле оштетувања од невремето што пред два дена го зафати Охрид. На терен е Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди, која по пријава од граѓани ќе ги констатира оштетувањата предизвикани од силниот ветар и над два метри високите бранови кои создадоа големи штета во куќи и угостителски објекти на крајбрежјето на Охрид.
