Граѓанската иницијатива „Македонија пред се“ известува дека на 25.03.2018 г. (недела) на градскиот плоштад во Охрид во 12:00 часот ќе го организира првиот од серијата народни протестни собири против институционалното насилие кое го спроведува нелегалната влада а на штета на македонскиот народ и држава.
Ние како граѓанска иницијатива бараме: -Повлекување на насилно донесениот закон за јазици -Поништување на таканаречениот договор за добрососедство со Бугарија -Неменување на уставното име на Република Македонија со цел влез во НАТО и ЕУ -Ослободување на сите притворени и осудени поради настаните во собранието на 27.04.2017 Исто така сакаме да потенцираме дека граѓанската иницијатива „Македонија пред се“ се противи на „безалтернативноста“ наречена „Евроатлански интеграции“, т.н. опција која упорно не уценува и ни го разорува националното ткиво.Особено не сега кога новите светски геополитички промени ни отвораат една нова и реална перспектива а тоа е соработка со Русија,Кина и Евроазиската унија која е во подем и нуди недвосмислена соработка на рамноправни основи и со взаемно почитување а кои не се условени со никакви понижувачки уцени. Затоа ве повикуваме сите,без оглед на вашата партиска припадност и идеолошка определба, да дојдете и заедно да кажеме едно големо НЕ на уцените и обидите за уништување на нашиот народ и држава. Со добра мисла и со Господ напред, „Македонија пред се“
