Циклонот „Димитар“ ќе донесе многу дожд и снег и жолта фаза во Македонија.
Од денеска циклонот „Димитар“ доаѓа кон Македонија, најавува специјализираниот портал за временска прогноза МетеоМакс.Според информациите на порталот, овој циклон денеска ќе донесе интензивни врнежи на пониските места и снег на планините.Метео порталот најавува дека од среда кон четврток ќе има и спуштање на снежната граница што значи дека на поедини места и одредени градови ќе има снег и снежна покривка.На планините се очекуваат и до 50 сантиметри нов снег.
Инаку, „Димитар“ доаѓа по „Глорија“- неодамнешниот циклон кој во Македонија донесе пороен дожд, грмотевици и силен ветер со прашина и песок од Сахара како и заматена атмосфера.
