20 годишно момче било пронајдено во Охрид откако претходно било пријавено за исчезнато.
Во своето исклучително штуро соопштение, објавено на сајтот на МВР, полицијата не соопштува од каде е исчезнатото момче, кога е пријавен за исчезнат, кој го пријавил исчезнувањето и слични други информации, како што практикуваше порано. Во продолжение, еве го штурото соопштение објавено на официјалниот сајт на МВР, составено од само една реченица:
На 21.03.2018 година од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Охрид во Охрид бил пронајден М.С.(20) кој бил пријавен за исчезнат и се барал по распишана телеграма од 20.03.2018 година.
