Најпознати фризери стилисти од Балканот утре и задутре на “HAIR FAIR 2018“ Охрид.
Настанот го организира Македонската асоцијација на фризери, а ќе се одржи на 25 и 26 март во Охрид, во хотелот “Аквалина“.
-„Организацијата на овој престижен “HAIR FAIR 2018“, како и годините наназад, ја има Македонската асоцијација на фризери. На него ќе земат учество најпознати фризери стилисти, натпреварувачи и фризерски клубови од Балканскиот регион и пошироко од Европа. Тука би го истакнал најавеното присуство на познатиот Џанкарло Миланезе на мое големо задоволство. Тој поседува титула “HAIR MASTER“ во Италија. Од 1998 – 2001 бил уметнички директор на “VIDAL“ академијата во Лондон. Директор и оснивач на “Giancarlo Milanese International Academy“. Наградуван е на европско ниво за најдобро потсрижување и колористика (Европски куп во 2015), а освоил и прво место на Светскиот куп во Киев, Украина во мај 2016 година за асиметрично потсрижување и колористика. Се разбира неговото присуство ќе даде голем придонес за реномето на овој “HAIR FAIR““.
Се најавува и доаѓањето на најпознатиот македонски фризерски стилист на светско ниво познатиот, Гоце Ралевски кој живее и работи во Шведска.
-„Ќе учествуваат звучни имиња на фризери од Р. Македонија. А тие се: Весна од фризерско студио „501“, „Бубе ин“, Пеце „Cool cut“, Алек Палада, и Кристина Серафимова „Студио Кики“. Сигурен сум дека ќе имаме што да видиме од нивните вешти раце. Да нагласам дека на 26 март понеделникот е наменет за шоу перформанси од други земји во регионот, така фризерски тимови од Италија, Германија, Холандија, Турција, Грција, Бугарија, Србија, Косово и Албанија ќе настапат со свои шоуа каде ја претставуваат својата земја со посебна музика, перформанс и фризури. Но, овде секако ќе се шират и идеи на пријателство, соработка и едно дружење на луѓе од различни земји и култури“, вели Димче Ивановски претседател на Македонската Фризерска Асоцијација и организатор на 12. по ред “HAIR FAIR 2018“ во интервју за Битолањуз.
