Тешка сообраќајка се случила на патот Охрид-Кичево.
Вчера во 05.30 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, патничко возило „Сузуки свифт“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ш.Р. (31) од Охрид, излетало од патот и се превртело. Притоа, сопатникот во возилото А.Б. (67) од Охрид се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен и задржан на лекување во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.
-Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
