Охриѓани протестираа против промена на името

Денеска во Охрид се одржа најавуваниот протест против промена на името.

Организаторите на протестите, граѓанската иницијатива “Македонија пред се“ бараат да се повлече законот за јазици, да се поништи договорот за добрососедство со Бугарија, но и да не се менува името на државата со цел влез во Еу и Нато.
-„Бараме ослободување на сите притворени и затворени во врска со случувањата од 27 април 2017 година.Се спротиставуваме на т.н безалтернативност во стратешките определби на Македонија, дека не постои друг пат освен Еу Нато, особено не сега кога глобалните геостратешки менувања во светот отвараат еден пат кон истокот,Русија, Кина, Евроазиската унија, кои ни подаваат рака за една соработка без уценувања и понижувања“, во своето обраќање, ррече меѓу другото, Климе Новески од граѓанска иницијатива Македонија пред се“.
„Јас излегов да си ја одбранам татковината, да не ни ја земат грците, да не зборуваме албански.Нашите деца сакаат да останат како што живееле моите дедо, баба,прадедо, мајка , татко.Тие се бореле за ова парче земја.Зошто ние сега да потклекнеме да грците или на албанците, а нашите деца да зборуваат и да учат албанци“, порача еден од стотината присутни граѓани на денешниот протест.

 

Social profiles